Три месеци по отказот од Челзи, Томас Тухел е цел на учесникот на СП во Катар, репрезентацијата на Гана. „Црните ѕвезди“ го отпуштија Ото Адо по неуспехот на Мундијалот, па се во потрага по нов селектор.
Меѓу кандидатите е и германскиот стратег Томас Тухел. Тој претходно работеше само во клубови, Борусија Дортмунд и ПСЖ, но ако прифати првпат ќе биде селектор. Ќе видиме дали ќе се одлучи за тоа.
Инаку тој е меѓу шесте кандидати во потесниот избор на ФА на Гана за нов селектор на еден го гигантите на африканскиот фудбал, а меѓу нив е и поранешниот стратег на Њукасл и на Брајтон, Крис Хатон.
Меѓу кандатите е и Џорџ Боатенг, екс-играчот на Астон Вила и Мидлсбро кој му беше асистент на Адо. Другите се Пауло Бенто, Драган Стојковиќ и Том Сајнфит, кој е актуелен селектор на Гамбија.