Се е веќе договорено и потпишано околу преминот на во моментов играчот на Ред Бул Лајпциг, Кристофер Нкунку во премиерлигашот Челзи на крајот од оваа сезона.
Францускиот интернационалец и во моментов еден од најбараните играчи во Европа, се сели во Лондон во „дил“ кој беше подготвуван извесен период, и во кој Челзи ја активираше откупната клаузула од 60 милиони евра.
Трансфер гуруто Фабрицио Романо ја потврди оваа информација дополнувајќи дека медицинските прегледи Нкунку ги обавил изминатиот период и дека деталите околу платата исто така одамна се прецизирани.