И натаму трае агресијата на Русија врз Украина, речиси една година се случуваат трагедии од невидени размери. Гинат цивили, деца, а деновиве малку недостигало да загине и Андри Шевченко, најдобриот фудбалер во историјата на Украина, еден од најдобрите во светот во свое време.
„Да, точно е дека за малку ќе ме убиеше руски дрон. Бев на околу два километри од ударот. Тие го гаѓаа централниот електричен генератот. Беше страшно, Русите сега ги гаѓаат инсталациите, клучната инфраструктура. Јас бев во зоната на војување, не може да се опише што може да се почувствува во тие моменти“ изјави Шевченко за Скај Спортс.