Њукасл важи за еден од најбогатите клубови во светот, па не му е проблем да купува играчи од највисока класа. Пребогатиот шеик Мохамед бин Салман сепак не се залетува, не фрла стотина милиони туку за пристојна цена ангажира фудбалери со голем потенцијал. Тоа на Њукасл и му донесе резултат во изминатите месеци.
Сега Њукасл тргнува во Кварадона или Квича Кварацкелија, соиграчот на нашиот Елиф Елмас за кого Арапите се спремни да платат 60 милиони евра и да го доведат во јуни.
Лошо за Њукасл е тоа што за Грузиецот е заинтересиран и Реал Мадрид, па така Наполи ќе може да се ценка и да бара веројатно најмалку 80 милиони евра.