Борче Костовски уште 4 години ќе го води македонското таеквондо

145

Борче Костовски едногласно е избран за претседател на Македонската таеквондо федерација и во наредните 4 години. На годишното собрание одржано во Скопје, Костовски едногласно доби нов 4-годишен мандат на чело на федерацијата која донесе еден сребрен олимписки медал од Токио.

Покрај изборот на нов Извршен Одбор на МТФ и нов Надзорен одбор, по предлог на Извршниот одбор, Собранието на МТФ заради исполнување на сите пропишани правила согласно статутот и правилниците, донесе одлука за прием на четири нови клубови како полноправни членки на МТФ. Станува збор за клубовите ТК Поомсае, ТК Те Макс, ТК Младост и ТК Феникс кик.

Собранието донесе одлука за финансиска помош на сите клубови членки на МТФ, во најголема мера наменски доделени средства за развивање на млади спортски надежи. Исто така собранието донесе одлука за соработка со Алкалоид Скопје како генерален спонзор на федерацијата.

Собранието на МТФ донесе одлука за еднократна парична награда постигнати врвни спортски во 2022 година.

  1. Дејан Георгиевски 90 000 денари (Бронзен медал финале гранд при Саудиска Арабија)
  2. Филип Додевски 60 000 денари (петто место сениорско светско првенство Мексико)
  3. Милијана Релиќ 40 000 денари (Златен медал на европско сениорско клубско првенство во Естонија)

Македонското таеквондо за првпат во 2023 година ќе добие Г1 турнир каде ќе се појави целта светска елита во овој спорт.

ПретходноТејлор требаше да го суди финалето, но го спречи еден воен судир од 1982 година
СледноЛоврен предизвика скандал во микс-зоната: Што се потсмеваш, смрдле едно!