Братот на Мбапе на 15 години дебитираше за првиот тим на ПСЖ!

519

Помалиот брат на мега – ѕвездата Килијан Мбапе, Итан Мбапе на само 15 години го имаше своето деби за првиот тим на ПСЖ. Итан кој важи за голем талент, некои велат дека е уште подобар од Килијан на негова возраст, на 29 декември ќе полни 16 години.

Инаку Итан добил шанса деновиве на пријателската средба на ПСЖ со локалниот тим на Париз во второто полувреме во меч кој “светците“ победиле со 2:1. Помалиот Мбапе во игра влегол место Марио Руиз.

ПретходноОдлична партија на Дончиќ, нов рекорд на Јокиќ, но и пораз од Леброн! (ВИДЕО)
СледноДенеска на Мундијалот: Хрватска – Мароко…битка за бронзата!