Хрватската репзентација го освои третото место на СП во Катар. Момците на Златко Далиќ го победија Мароко и се закитија со бронзените медали.
„Оваа бронза е со златен сјај. Натпреварот беше многу тежок, овој медал е за целиот хрватски народ, за сите кои навиваат за нас. Победата ќе ја подарам на Чиро Блажевиќ, човекот кој го почна сето ова… Шефе, ова е за Вас. Можам да освојам пет медали, меѓутоа Вие ќе останете најдобар.
Малку кој го очекуваше ова. Секоја чест на дечките кои се трудеа и одиграа на резултат. Фантастично е да се освои бронзениот медал во ваква конкуренција“, изјави Далиќ за ХРТ.