Денеска на Мундијалот: Хрватска – Мароко…битка за бронзата!

179

Остануваат само уште два меча на СП во Катар. Утре се игра големото финале меѓу Аргентина и Франција, а за денеска од 16 часот на стадионот “Калифа“ во Доха, закажана е битката за бронзата, битката за третото место и тоа меѓу Хрватска и Мароко.

Чудото од Балканот или „Атласките лавови“? Ретко кој можеше да претпостави дека токму овие две селекции ќе се најдат во завршницата, посебно не по 23 ноември кога во групата одиграа 0:0 во не толку квалитетен меч, кој и за двете селекции беше прв на СП во Катар.

Секако дека избраниците на Златко Далиќ стигнаа до нов историски успех. Хрватска во 1998 во Франција ја освои бронзата, на минатиот шампионат во Русија се закити со среброто, па “коцкестите“ сакаат уште еден трофеј.

Лука Модриќ и друштвото ќе дадат се од себе да ја израдуваат цела Хрватска, но и сите оние фанови кои навиваат за оваа балканска земја.

Што да се каже за Мароко? „Атласките лавови“ од Африка се хит на Мундијалот во Катар. Прва земја од Африка, прва земја од арапскиот свет која успеа да влезе меѓу четирите најдобри во светот. По елиминацијата од Франција со сите оние судиски контроверзи во полуфиналето разочарувањето во Мароко беше големо, но Зијеш, Хакими и останатите ѕвезди очекуваат тие рани да се залечат со бронзата од Катар.

Каков епски успех би бил тоа за Мароко?

ПретходноБратот на Мбапе на 15 години дебитираше за првиот тим на ПСЖ!
СледноАрапите не се шегуваат: Кварадона од Наполи во Њукасл за 60 милиони евра, но во јуни!