Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо пристигна во Белград. Со денови се пишуваше дека Факундо Кампацо треба да стане нов играч на Црвена звезда, а неговиот агент беше и на натпреварот меѓу Црвена Звезда и Олимпија Милано, со што испрати порака дека наскоро аргентинскиот плејмејкер ќе стане нов член на белградскиот тим.
Кампацо слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, па се чини дека официјалното соопштение за неговиот ангажман ќе пристигне наскоро. Шпанските и грчките медиуми пренесуваат дека Ц. Звезда за оваа сезона му понудила 1,8 милиони евра, а за следната уште 2,5 милиони.
Meanwhile in Belgradepic.twitter.com/zpLwmNB1Xw
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 17, 2022