Александер Омот Килде по трет пат е победник во четирите досега одржани спуст трки во ФИС сезоната од Светскиот куп.
Денеска норвежанецот победи со вкупно време од 2:02.35 на трката во Вал Гардена, додека второто место му припадна на Јохан Клари од Франција.
На подиумот уште се искачи и италијанецот Матија Касе.