Минута молчење пред мечевите во Катар во име на Михајловиќ

175

Преостанатите два меча на Мундијалот во Катар, оној за третото место денеска помеѓу Хрватска и Мароко, како и утрешното финале помеѓу Аргентина и Франција ќе започнат со минута молчење по повод смртта на прославениот фудбалски ас Синиша Михајловиќ.

Тој вчера почина по долго боледување од леукемија, и фудбалскиот свет наоѓа секаков начин за да му ја оддаде должната почит на овој великан.

ФИФА и организаторот на Мундијалот автоматски се решија за ваков потег што наиде секако на одобрување на сите инволвирани.

 

ПретходноРоналдо блеска на тренинзите на Реал! (ВИДЕО)
СледноКилде е незадржлив сезонава во спуст