Модриќ потврди: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нациите!

114

По освојувањето на третото место на СП во Катар, многумина помислија дека тоа ќе биде последниот меч за капитенот Лука Модриќ со оглед на возраста. Тој потврди дека нема смисол да ја остави Хрватска пред мечевите за Лигата на нациите (Хрватите се пласираа во нокаут фазата).

Последните години покажавме дека имаме квалитет, донесовме нова енергија, навистина имаме светла иднина. Овој турнир ќе им помогне уште повеќе да напредуваат и како играчи и како луѓе. Некои прв пат се тука и веќе освоија медал. На мене и на некои други има требаа многу за такво нешто. Еве на пример, мене 12 години. Поминав низ се и сешто. Треба да се цени ова и да им биде патоказ како понатаму“, изјави Модриќ.

Планот е да останам и за Лигата на нациите. Кога веќе дојдовме до финалето, учествував во сите тие натпревари, па би било бесмислено да не ги одработам натпреварите во ЛН. Потоа ќе видиме. Но дефинитивно останувам за ЛН“, рече капитенот.

ПретходноЛанишек со триумф во Енгелберг, трета победа сезонава во СК
СледноСкопје и Прилеп победнички ја завршија годината!