Колку Синиша Михајловиќ беше респектиран и ценет, едноставно сакан како фудбалер и тренер а пред се како човек во Италија, најголем доказ е денешниот број на “Газета дело Спорт“, најпопуларниот спортски весник во таа земја и еден од најпознатите во светот, во кој во најголем дел е посветен на Михајловиќ.
Утринава “Газета“ излезе со навистина феноменална насловна страна, на која покрај вообичаеното – Чао Михајловиќ 1969 – 2022, во преден план е големиот наслов:
„СИНИША ЗАСЕКОГАШ“.
Михајловиќ најголем дел од својата играчки и тренерска кариера ја мина во Италија. Па затоа немаше позната фудбалска фаца или клуб, кој не кажа нешто за Србинот кој вчера почина од леукемија, или не се прости од Синиша.
Манчини, Берлускони, Неста… беа меѓу првите кои изразија сочуство до семејството Михајловиќ за трагичната загуба.