НБА партија на Френклин, Академија ФМП без решение!

121

Чаир 2030 со цел плен се враќа од гостувањето кај Академија ФМП. Добрата игра во последната четвртина на дебитантот му го донесе третиот триумф оваа сезона, откако славеше со 84-91 против „академците“.

НБА партија во редовите на Чаир пружи Френклин, со 45 поени сам го победи противикот, имаше уште десет скока. Мохамед беше стрелец на 16 поени и 16 скока. Кај домаќинот 16 поени и 11 скока имаше Коскоски.

Почетокот на дуелот најава тврда битка на теренот. Чаир во првата четвртина имаше 9-15, кое домаќинот брзо го стопи па поведе со 23-21 и фати краток залет. Најголемата предност изнесуваше 29-24, но не траше долго бидејќи противникот се врато, но исто на кратко. Пресвртите и неконстантноста не највуваа кој ќе излезе како победник се до последната четвртина во која Чаир заигра многу подобро, ја доби со 14-25, доволно за голем триумф.

ПретходноРеграги: Хрватска е заслужено трета, ние ќе се вратиме посилни
СледноШампионките со победа ја завршија есента на чело на табелата