ФИФА вчера објави дека за четиригодишниот циклус за СП 2026 година очекува неверојатна заработка од 11 милијарди долари. Да потетиме дека следниот Мундијал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Обично кога станува збор за заработката и предвидувањата ФИФА е по малку конзервативна, но ако се знае дека наредноо СП ќе биде погломазно од досегашните секако дека и заработката ќе биде поголема.
Инаку од она што беше кажано од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, заработката на ФИФА од Мундијалот во Катар, поточно за изминатите четири години, е 7,5 милијарди долари, еден повеќе од предвидувањата.