Ова е реакцијата на таткото на Ендрик по потпишувањето на договорот со Реал вреден 72 милиони евра! (ФОТО)

2801

Новот фудбалско чудо, Бразилецот Ендрик на само 16 години потпиша договор со Реал Мадрид вреден 72 милиони евра. Тој во следните две години и натаму ќе игра во Палмеирас за да потоа кога ќе стане полнолетен ќе се пресели во Мадрид.

Секако дека ова беше голема работа за таткото на Ендрик, кој по потписот на неговиот син, едноставно од силни емоции ја стави главата на масата и така останал неколку минути како што се гледа од фотографијата.

Пред седум години со дресот на Палмеирас со бр.16 ја правев нашата куќа од гипс. Сега мојот син со тој ист број имаше свое деби за Палмеирас, а сега потпиша за Реал Мадрид“изјави тој.

Image

Image

ПретходноКилде е незадржлив сезонава во спуст
СледноФарфан официјално замина во пензија