Одлична партија на Дончиќ, нов рекорд на Јокиќ, но и пораз од Леброн! (ВИДЕО)

158

Утринава се одиграа повеќе натпревари во НБА лигата. Лука Дончиќ уште еднаш покажа дека е во врвна форма и го водеше Далас до нова победа и тоа против Портланд со 130:110 на свој терен. Дончиќ постигна 33 поени.

Никола Јокиќ забележа нов рекорд, па така сега тој е кошаркарот со најмногу скокови во историјата на Денвер. Србинот имаше забележителна партија за својот тим против ЛА Лејкерс, но сепак загуби од Леброн со 126:108. Џејмс постигна 30 поени, а Јокиќ 25 кој имаше и 11 скокови што беше доволно на вечната листа на Нагетси да избие на првото место.

Сепак мечот мина во сенка на повредата на Ентони Дејвис, одличниот крилен центар на Лејкерси. Се стравува од потешка повреда.

Резултати: Шарлот – Атланта 106:125, Детрот – Сакраменто 113:122, Бостон – Орландо 109:117, Кливленд – Индијана 118:112, Филаделфија – Голден Стејт 118:106, Торонто – Бруклин 116:119, Чикаго – Њујорк 94:114, Оклахома – Минесота 110:112, Далас – Портланд 130:110, ЛА Лејкерс – Денвер 126:108.

ПретходноНестварно: ФИФА очекува заработка од 11 милијарди долари за СП 2026 година!
СледноБратот на Мбапе на 15 години дебитираше за првиот тим на ПСЖ!