Познато е колку ќе заработи ХНС за третото место на СП

696

Хрватската репрезентација е третопласирана на Мундијалот, а Фудбалскиот сојуз на оваа земја ќе добие 26 милиони евра. Тоа е наградата за бронзените медали од наградниот фонд на ФИФА. Со самиот пласман на СП, Хрватска заработи 8,7 милиони евра како и сите учеснити на турнирот.

За пласманот во четвртфиналето беше осигурана награда од 16,5 милиони евра. Па уште за третото место заработката е 25,2 милиони евра.

Вкупно, ФС на Хрватска во Катар заработи 51,5 милиони евра од наградниот фонд на ФИФА. Таа сума е истата која ја заработија по второто место на СП 2018 година во Русија.
Мароко за четвртото место ќе добие 24 милиони евра, а вкупно ќе инкасира 40 милиони евра.

 

ПретходноДалиќ ја посвети победата на Чиро Блажевиќ: Шефе, ова е за Вас, вие сте најдобриот…
СледноЛанишек со триумф во Енгелберг, трета победа сезонава во СК