Познатиот рап артист Дрејк смета дека Меси и Аргентина ќе бидат новите светски шампион. Оваа негова изјава наведе многу фанови на социјалните мрежа повторно да се потсетат и да се пошегуваат со таканареченото „Проклетство на Дрејк“, откако раперот речиси секогаш им носи лоша среќа на сите спортски ѕвезди и тимови со кои се фотографирал или јавно ги поддржал.
Навивачите паметат дека Дрејк последен пат и донесе пех на Барселона во октомври на Супердербито со Реал Мадрид. Тогаш „Каталонците“ излегоа со логото на уметникот на своите дресови и потоа го загубија „Ел Класико“ со 3:1.
За „Проклетството на Дрејк“ почна да се зборува откако на социјалните мрежи фановите забележаа дека секој познат спортист што се сликал со раперот секогаш го губи следниот меч. Ова им се случи на Серхио Агуеро, Пол Погба, Пјер-Емерик Обамејанг, Џејден Санчо и Левин Курзава.
Во листата на „жртви“ на Дрејк се и Конор Мекгрегор, Серена Вилијамс и Ентони Џошуа, кои исто така доживеаја разочарувања веднаш по направените фотографии со раперот.
Drake has bet on Argentina to win the World Cup final… 👀🇦🇷pic.twitter.com/FgkjwGg5SK
— SPORTbible (@sportbible) December 17, 2022
Drake has backed Argentina to win tomorrow 😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/9i65ArtyqL
— My Name Jeffrey 🇫🇷 (@TheChosenOne95_) December 17, 2022