„Раскинаа“ Евертон и Саломон Рондон

139

Англискиот премиерлигаш Евертон и напаѓачот Саломон Рондон обострано го раскинаа договорот, со што венецуелскиот репрезентативец е слободен да си побара нов клуб. Причината што 33-годишниот фудбалер си замина е неговата минутажа во првиот тим. Тој не играше често, па фрустриран што не може да биде стандарден реши да поднесе барање за раскин на договорот кој клубот му го прифати.

Рондон дојде во Евертон во летото 2021 година од кинески Далиан. Тогаш потпиша двегодишен договор.

Нема бргу да остане слободен затоа што за него се интересираат клубови од Турција, Италија, Португалија и од Јужна Америка.

 

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Хрватска води со 2:1 во борбата за бронзата (видео)
СледноХрватска е бронзена на СП во Катар (видео)