Селекторот на мароканската репрезентација Валид Реграги го сумираше настапот на својата селекција на Светското првенство во 2022 година, по денешниот пораз во малото финале од Хрватска.
„Мораме да учиме од нашиот настап на ова Светско првенство. Драго ни е што станавме четврти. Честитки за Хрватска за заслуженото трето место. Ќе извлечеме заклучоци и ќе се вратиме уште посилни“, изјавил селекторот кој го направи најголемиот успех на една африканска селекција на Мундијалите.