Силекс со екстра засилување во Арменд Алими

1818

Тимот на Силекс планира очигледно напролет да биде уште поконкурентен во домашниот ПМФЛ шампионат. Затоа, зимава во Кратово се „кова план“ да се направи уште поквалитетен тим од оној до сега, за да и оние бодови кои не биле реално на дофат на Силекс досега, одсега да бидат во оптек што се вели.

Па така, Спортмедиа дознава дека Силекс е пред донесување на Арменд Алими како прво сериозно заилување зимава. Досегашниот играч на Работнички веројатно ќе биде дел од промените во Гратски парк, а во Кратово планираат тоа да го искористат.

Алими е искусен играч кој со себе носи квалитет и стабилност во средината на теренот. Долги години беше „алфа и омега“ во Шкендија, а п тешката повреда зимава се вратии одигра сериозна минутажа во Работнички.

 

ПретходноКога Меси нешто ќе забрани во соблекувалната тоа е ЗАКОН!
СледноЧелзи стави „печат“ на договорот со Нкунку