Скопје и Прилеп победнички ја завршија годината!

71

По дуелот меѓу Скопје и Радовиш е комплетиран целосниот изглед на табелата во Супер-лигата. Домашниот тим дојде до третата победа оваа сезона, откако славеше со 28-24. Избраниците на Горан Кузманоски со скор од 3/11 остана на шестото место во групата Б, додека Радовиш заврши седми, двата тима продолжуваат во плеј-аутот.

Грујовски со седум го,а беше прв стрелец кај победникот, ист број на погодоци за гостите постигна Органџиев.

Во групата А, Прилеп со тесен натпревар славеше на гости кај Куманово со 27-29. Оваа средба не менуваше ништо во однос на крајниот предок на табелата за Прилеп, кој заврши како шестти, додека пак Куманово можеше да го избегне дното, но не успеа да дојде до втората победа оваа сеозна.

Шокоски со седум гола ги предводеше гостите, кај домаќинот Даневски, Постоловски и Мрвовиќ имаа по пет гола.

ПретходноМодриќ потврди: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нациите!
СледноСкалони: Финале се игра за да се победи, а за тоа треба да одиграте добро