Сопругата на Михајловиќ со трогателна порака утринава

1122

Вчера фудбалскиот свет остана без една своја голема легенда, без Синиша Михајловиќ кој на само 53 години ја загуби битката со страшната болест. Тоа беше шок за сите кои го познаваа, за сите кои играа со него или против него. Многумина се простија со свои објави на социјалните мрежи а утринава сопругата Аријана, по тешката ноќ без својот Синиша, упати трогателна порака со зборови од кои човек едноставно не може а да не пушти солзи.

Кога нема да бидеш дел од мене, ќе исечам многу ѕвездички од сеќавањето, тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се вљуби во ноќта“ напиша Аријана на Инстаграм.

ПретходноАргентинци протестираат во Доха: Дајте ни билети за финалето!
СледноШевченко за малку ќе настрадал од руското гранатирање!