Тејлор требаше да го суди финалето, но го спречи еден воен судир од 1982 година

969

Најдобриот англиски судија Ентони Тејлор, кој беше еден од фаворитите да го суди финалето на Мундијалот во Катар, беше оневозможен во тоа само поради војната на Фолкландските Острови од 1982 година.

Според англиските медиуми, иако Тејлор за разлика од вториот англиски судија Мајкл Оливер остана до финалето во Катар, сепак, не ја доби шансата само поради политичка неутралност.

Имено, политичката неутралност има огромен удел во системот на назначување на судии во ФИФА, и како такви англиските судии не можат да ги судат натпреварите на Аргентина и обратно. Според „Тајмс“ , Тејлор не можел да биде избран за финалето поради политичките тензии меѓу Обединетото кралство и Аргентина како резултат на конфликтот на Фолкландските Острови во 1982 година.

Иако не постои инсинуација дека официјалните лица би биле пристрасни, управното тело сака да избегне каква било ситуација кога играчите и менаџерите можат да ги обвинат за такво нешто.

ПретходноШампионките со победа ја завршија есента на чело на табелата
СледноБорче Костовски уште 4 години ќе го води македонското таеквондо