Интернационалецот од Перу, Џеферсн Фарфан кој во текот на својата богата кариера го носеше дрест на многу европски великани преку социјалните мрежи објави дека официјално се пензионира.
Во моментов 38. годишниот Фарфан објави видео кое е составено од најважните моменти од неговата богата кариера, а потоа и напиша.
„По толку многу радости и исполнување на соништата дојде време да се простам од активнот играње и да ставам точка на една прекрасна етапа од мојот живот“ – напиша Фарфан кој последно настапуваше за тимот на Алианса од Лима.