Шокирачки сцени за навивачки нереди пристигнуваат од Австралија, поднебје кое ни оддалеку не е познато по ова, ниту некогаш имало нешто слично на далечниот континент.
На дербито помеѓу Мелбурн Сити и Мелбурн Виктори во првиот дел, при резултат 1:0 за Сити, навивачите одеднаш од зад голот влегоа во теренот и почнаа да прават неред.
Да биде прблемот уште поголем, еден од нив зеде кофа и со сета сила го удри голманот Томас Гловер. Нормално мечот беше автоматски прекинат и следуваат сериозни санкции за организаторот и за сторителите на хаосот.