Хрватска е бронзена на СП во Катар (видео)

175

Репрезентацијата на Хрватска е втор пат во историјата завршува како третопласирана на Мундијалите. Денска во мечот за третото место на „Калифа“ стадионот во Доха, Хрватите ја совладаа африканската сензација Мароко со 2:1.

Тоа беше отворен меч, без премногу тактика со отворена борба на теренот па сето тоа резултираше со многу шанси на двете страни и три гола. Поведоа Хрватите со погодокот на Јошко Гвардиол во 7. минута, но во следната акција погоди Дари.

Gvardiol's spectacular diving header to put Croatia ahead

Во меѓувреме шанси имаа Модриќ, потоа и Мароканците два пати се обидоа да поведат, па во 42 минута Хрватите поведоа. Мислав Оршиќ со убав удар од косо го совлада Боно и донесе предност за својот тим кој на крајот ќе се покаже победнички.

https://digitalhub.fifa.com/transform/b65bf101-6a8b-4252-b976-bf3d250e0712/Croatia-v-Morocco-3rd-Place-FIFA-World-Cup-Qatar-2022

Во вториот дел продолжи жестоката борба. Најдобрите шанси ги имаа Оршиќ кој шутна покрај голот, потоа Ел Несири во 75 минута се најде во убава позиција, меѓутоа Ливаковиќ одбрани. Неколку минути подоцна Ковачиќ имаше убава шанса но непрецизно.

Во 95 минута Ел Несири биеше со глава за малку над голот.

На крајот Мароко мораше да се задоволи со четвртото место на СП. И ова е историја за Африка затоа што тоа е првата селекција од африканскиот континент кој стигнала до полуфиналето.

Хрватите беа трети на СП 1998, на СП 2018 играа во финалето, а сега се бронзени.

Croatia [1] – 0 Morocco – Josko Gvardiol 7′

Dec 17, 2022

Croatia 1 – [1] Morocco – Achraf Dari 9′

Dec 17, 2022

Croatia [2] – 1 Morocco – Mislav Orsic 42′ great goal

Dec 17, 2022

Претходно„Раскинаа“ Евертон и Саломон Рондон
СледноДалиќ ја посвети победата на Чиро Блажевиќ: Шефе, ова е за Вас, вие сте најдобриот…