Кога Меси нешто ќе забрани во соблекувалната тоа е ЗАКОН!

5248

Фудбалскиот свет е во исчекување на големото финале меѓу Аргентина и Франција на СП во Катар. Овој дуел кој се најавува како мега – спектакл започнува во 16 часот. Се разбира дека сега новинарите прават се да „исчепкаат“ нешто повеќе од Меси и Мбапе, првите ѕвезди на двете селекции.

Најново е тоа што кога Меси ќе стави забрана на нешто во соблекувалната на Аргентина, тоа било закон, таков е редот.

Алексис МекАлистер, играчот за врска на Брајтон, тоа и го потврди.

Имено по своето деби за “гаучосите“ во 2019 година добил прекар од соиграчите и тоа – КОЛО. Него не му се допаѓал прекарот па му се пожалил на Меси кој веднаш им кажал на сите во селекцијата на Аргентина да престанат да го нарекуваат МекАлистер така.

И тие веднаш престанале.

Нема дилеми дека за сите нив Меси е ФУДБАЛСКИ БОГ.

ПретходноНасловната на “Газета“: Синиша ЗАСЕКОГАШ (ФОТО)
СледноСилекс со екстра засилување во Арменд Алими