Откако Хрватска го освои бронзениот медал на Светското првенство во Катар, искусниот дефанзивец Дејан Ловрен предизвика скандал во „микс-зоната“, напаѓајќи и навредувајќи неколку хрватски новинари.
Ловрен прво помина покрај хрватските новинари кои бараа изјава без ниту еден збор, а потоа рече дека „сега Лука Модриќ ќе ви даде изјава“ и си замина.
Откако ја напушти зоната, еден од новинарите се насмеа. Ловрен го слушна ова и праша кој се смее.
„Не ти се смеевме“, му одговорија, а потоа Ловрен почна да вика. „Каков начин е ова, вие сте против, се смеете, не исмевате. Не ве радува ова. Не, вие не сте горди. Вие сте едни од ретките што не плукаа од почеток и не веруваа во нас“, извика Ловрен, а кога новинарот му одговори дека не е вистина, хрватскиот стопер продолжи да вика:
“Па, сега се потсмеваш, смрдле едно. Ти и оваа госпоѓа. Не го снимивте кога тој се смееше. Не го снимивте, нели?”, извика Ловрен.
На крајот пред новинарите излезе портпаролот на ХНС, Томислав Пачак, кој им се извини на новинарите за непријатностите.