Чаир 2030 со цел плен се враќа од гостувањето кај Академија ФМП. Добрата игра во последната четвртина на дебитантот му го донесе третиот триумф оваа сезона, откако славеше со 84-91 против „академците“.
НБА партија во редовите на Чаир пружи Френклин, со 45 поени сам го победи противикот, имаше уште десет скока. Мохамед беше стрелец на 16 поени и 16 скока. Кај домаќинот 16 поени и 11 скока имаше Коскоски.
Почетокот на дуелот најава тврда битка на теренот. Чаир во првата четвртина имаше 9-15, кое домаќинот брзо го стопи па поведе со 23-21 и фати краток залет. Најголемата предност изнесуваше 29-24, но не траше долго бидејќи противникот се врато, но исто на кратко. Пресвртите и неконстантноста не највуваа кој ќе излезе како победник се до последната четвртина во која Чаир заигра многу подобро, ја доби со 14-25, доволно за голем триумф.