Хрватската репрезентација е третопласирана на Мундијалот, а Фудбалскиот сојуз на оваа земја ќе добие 26 милиони евра. Тоа е наградата за бронзените медали од наградниот фонд на ФИФА. Со самиот пласман на СП, Хрватска заработи 8,7 милиони евра како и сите учеснити на турнирот.
За пласманот во четвртфиналето беше осигурана награда од 16,5 милиони евра. Па уште за третото место заработката е 25,2 милиони евра.
Вкупно, ФС на Хрватска во Катар заработи 51,5 милиони евра од наградниот фонд на ФИФА. Таа сума е истата која ја заработија по второто место на СП 2018 година во Русија.
Мароко за четвртото место ќе добие 24 милиони евра, а вкупно ќе инкасира 40 милиони евра.
Croácia #HRV
1998 🥉 2022 🥉 pic.twitter.com/6j0RbpklMj
— Copa do Mundo FIFA 🏆 (@fifaworldcup_pt) December 17, 2022