Алжирец и Јапонец во редовите на Борусија Дортмунд

242

Борусија Дортмунд во идниот период ќе биде посилна за двајца интернационалци, едниот од Алжир другиот од Јапонија.

Преговорите со Реми Бенсебаини се во завршна фаза, па се очекува во наредниот период деталите да бидат завршени и алжирскиот репрезентативец официјално да стане член на „милионерите“. Сепак, бекот нема веднаш да се пресели на „Сигнал Идуна Парк“ туку по завршување на сезоната.

Тогаш Рафаел Гереиро како слободен играч ќе го напушти Дортмунд, а на негово место ќе дојде Бензебаини исто така како слободен затоа што ќе му истече договорот со Борусија Менхенгладбах.

Од наредната сезона Борусија ќе биде посилна и за Даичи Камада. Јапонскиот репрезентативец има договор со Ајнтрахт до крајот на сезоната, а потоа како слободен играч ќе му се приклучи на составот од Дортмунд. Тој ќе го засили средниот ред.

ПретходноДали е можно: Пред седум години на Твитер објави кога Меси ќе ја освои титулата! (ФОТО)
СледноОва се сите рекорди кои НАЈГОЛЕМИОТ на сите времиња ги урна на СП во Катар!