Бразилската фудбалска легенда Роналдињо во најдобар можен момент се огласи преку социјалните мрежи и испрати порака која се однесува на неговиот некогашен соиграч од Барселона, Лионел Меси и му посака среќа во големото финале денеска на Мундијалот.
Аргентина и Лео Меси од 16:00 часот ќе се сретнат со Франција, и ова е дефинитивно последната шанса на „богот на фудбалот“ да стгине до најпрестижниот трофеј, а тоа е оној Мундијалскиот.
Роналдињо многу добро знае како е да се има овој пехар во рацете, па затоа испрати и мотивирачка порака до својот некогашен соиграч.
„Лео Меси е мој брат. Се што е потребно да е да го направи тој последен финален чекор и да го освои Мундијалот и да го оствари својот сон“ – рече Роналдињо.