Карим Бензема (34) поради повреда не беше со Франција за време на Светското првенство во Катар. Иако сега се опорави и се уште е на списокот со пријавени играчи, сигурно нема да биде таму и за денешното финале против Аргентина.
Имаше гласини дека Бензема требаше да дојде во недела за да биде со тимот за финалниот натпревар во Катар, но напаѓачот на Реал Мадрид го отфрли тоа бидејќи смета дека не е во ред да се појави на крајот, кога неговите соиграчи го завршија најголемиот дел од работата.
Сепак, се чини дека има некоја друга и посериозна причина зошто тој нема да дојде, а се вели дека се несогласувања со тренерот Дидие Дешам.
Карим Џазири, агентот на Карим Бензема, го прекина молкот по шпекулациите во последните денови дека има несогласување меѓу освојувачот на „Златната топка“ и селекторот на Франција поради повредата на играчот само неколку дена пред почетокот на Светското првенство.
„Потсетувам дека Франција го игра финалето на Светското првенство. Мора да бидеме со сите играчи кои ќе бидат на теренот да ни ја донесат третата ѕвезда, а Карим Бензема да го оставете на мир. Тој ќе биде со Франција повеќе од кога и да е за да го добие трофејот што му недостасува“, напиша Карим Џазири на социјалните мрежи.
Во петокот, Карим Бензема објави порака на социјалните мрежи заедно со селфи.
„Не сум заинтересиран“, напиша Бензема.
Пораката на Бензема ги поттикна шпекулациите за судир меѓу него и Дешам.