ХНС се извини за скандалот на Ловрен

628

Репрезентацијата на Хрватска и официјално го освои третото место и бронзениот медал на Мундијалот во Катар. „Коцкастите“ вчера го совладаа Мароко со 2:1, во мечот за третото место, а во еуфоријата по дуелот Дејан Ловрен предизвика скандал со кој јавноста во Хрватска ете се бави во последните 24 часа.

Имено тој во микс прес зоната најпрво даде исцрпни одговори на прашањата на странските новинари, а потоа коха требаше да им се обрати на оние домашните од Хрватска, тоа не го стори туку ги одмина. На симпатична и невина реакција на дел од нив не поради Ловрен туку поради сосема нешто друго, дефанзивецот се врати и направи скандал во кој истите тие новинари ги нападна и обвини за правење лоша атмосфера, атак преку текстовите и конечно дека не е ова нивен успех затоа што тие не сакаат репрезентацијата да победува. На што нормално му беше возвратено адекватно па потоа ситуацијата се смири.

Следуваше извинување од фудбалскиот сојуз на Хрватска најпрво вербално, а потоа и во писмена форма.

 

ПретходноИ Новак и Болт на финалето во Катар, Србинот со дигната крагна во чест на Михајловиќ!
СледноПознати се стартните состави: Дешамп со најсилниот состав, Скалони со изненадување!