Ќе се играат продолженија: Аргентинците беа блиску, но Мбапе им ги расипа сметките!

55

Супер фудбал зачинет со четири гола по 90 минути во финалето на СП помеѓу Аргентина и Франција. Аргентинците беа блиску до победа, имаа водство од 2:0, имаа игра, доминација не им дозволија на Французите да се размавнат, а потоа во второто полувреме се случи чудо.

Еден момент на деконцентрација, невнимание и Франција казни. Пенал на Отаменди по стартот врз Коло Муани, а тоа ги крена „галските петли“. Мбапе погоди од белата точка, а веднаш потоа најдобриот француски фудбалер во моментот по една акција ја затресе мрежата за изедначување.

Ќе се играат продолженија. Меси или Мбапе? Аргентина или Франција? Ќе почекаме после 120 минути или пенали…

ПретходноСупер-кам бек: Мбапе со два брзи гола го израмни резултатот! (видео)
СледноСпектакуларен дочек на “бронзените“ во Загреб! (ФОТО+ ВИДЕО)