Беше ли пенал стартот врз Ди Марија?

895

Аргентина води со 2:0 на полувреме во финалето на СП против Франција. „Гаучосите“ повторно добија сомнителен пенал на шампионатот. Дембеле беше во дуел со Ди Марија кој падна, а главниот судија покажа пенал. Лео Меси погоди за 1:0.

Судијата процени дека имало мал контакт меѓу Дембеле и Ди Марија. Французинот во трк го удрил Аргентинецот по стапалото доволно за да го измести од рамнотежа и да го принуди да падне.

Прашањето е дали има доволно елементи за пенал?

Argentina [1] – 0 France – Lionel Messi 23′

Dec 18, 2022

На социјалните мрежи кружи момент од финалето на СП 2014 во Бразил. Тогаш во финалето играа Аргентина и Германија. Германците ја однесоа титулата со голот на Марио Геце. На мечот се случи еден момент кога Ноер во обид да интервенира го удри Игуаин, а тогаш не беше досуден пенал. Овојпат во финалето, за помал контакт е свирен пенал.

ПретходноКубацки со победа во Енгелберг, следува турнејата „Четири скокалници“
СледноУкраински репрезентативец: На ФИФА и се поважни руските пари од светскиот мир