Талентираната и силна англиска репрезентација имаше големи планови во Катар, а целта беше трофеј. Но, Англичаните заглавија во четврт-финалето, актуелниот шампион Франција беше пресилна за избраниците на Герет Саутгејт.
По тој меч почна да се пресметува иднината на поранешниот репрезентативец на таа земја, но Саутгејт сепак реши да остане селектор и покрај гласините дека е подготвен да му го препушти местото на некој друг.
Иако се уште официјално не го известил Фудбалскиот сојуз за таа одлука, 52-годишникот пресекол и сега останува само да ги извести надлежните.
Саутгејт има договор со англиската ФА до 2024 година и ќе стане тренер со најдолг стаж на островот.
Кога првпат пристигна малкумина веруваа во него и се мислеше дека тоа ќе биде само краткорочно решение, но тој веќе шест години останува на клупата на својата репрезентација.