Дешамп: Судењето можеше да биде и полошо, но можеше да биде и подобро!

1521

Дидие Дешамп не успеа да се запише во историјата како втор селектор, по Виторио Поцо (Италија 1934 и 1938) и по вторпат едноподруго да ја освои титулата.

Факт е дека тој беше тотално надигран се до таа 80 минута од Скалони, но со измените што ги направи “малиот генерал“ сепак мечот се сврти.

Следуваше невиден спектакл.

На крајот Аргентина победи а селекторот на Франција имаше свој коментар:

Беше многу емотивно, на крајот и многу сурово. Бевме многу блиску, но сепак не успеавме. Не сакам да говорам за судњето, и не сакав да добијам такво прашање. Морам да внимавам тоа што ќе го кажам. Според мене судењето можеше да биде полошо, но сепак мислам дека можеше да биде и подобро“ рече покрај другото Дешамп.

ПретходноМеси: Не се откажувам, сакам да играм за Аргентина и како светски шампион!
СледноКакво друштво на “Лусаил“: Новак, Златан, Хабиб… со човекот кој “тежи“ 8 милијарди долари!