Француските медиуми вчера потврдија дека Зинедин Зидан ја одбил поканата да го гледа финалето на Светското првенство меѓу Франција и Аргентина денеска на стадионот Лусаил и многумина веруваа дека тоа е поради фактот што тој наскоро нема да биде нов селектор на триколорите, но сега јасно е зошто нема да го видиме денеска во Доха.
Француската федерација покани 20 легенди на Франција да дојдат во финалето, а Зидан е еден од ретките што одби.
Секако, веднаш се пишуваше дека тоа го направил бидејќи е лут што нема да ја добие селекторската функција по Светското првенство, но Ле Паризиен утринава објави дека тоа не е точна информација.
Овој угледен француски весник објави дека Зидан ја одбил поканата бидејќи е свесен дека со доаѓањето во Доха би бил во центарот на вниманието поради сите шпекулации за тренерската позиција.
Зидан сака да избегне да биде во центарот на приказната и на некој начин да го засени Дешам и тимот кој не го заслужуваат и свесен е дека неговото доаѓање само ќе ги зголеми шпекулациите за тоа кој ќе биде нов тренер.
На крајот, легендарниот фудбалер реши да остане дома и на ТВ екранот да го следи денешното големо финале меѓу Франција и Аргентина, кое ќе се игра од 16 часот.