Извини Мбапе, ама Меси е ФУДБАЛСКИОТ БОГ!

520

Фантастично издание имаше Килијан Мбапе во големото финале, хет- трик, речиси сам играше против Аргентина, но и тоа не беше доволно, токму затоа неговата тага беше голема откако Франција загуби на пенали.

Се разбира дека Мбапе е легитимниот наследник на Меси, пред него се барем уште два до три Мундијали, но оваа фотографија по финалето, таа тага на Мбнапе кажува многу. И покрај хет – трикот и покрај осумте голови на Мундијалот. 

Премногу…

А светот и дефинитивно може да му се поклони на Меси. Се она што во изминатите 35 години Лео го сонуваше вечерва во Катар му се оствари.

Трета титула за Аргентина, прва негова…

Каков крај на една бајка, фудбалска бајка наречена – ЛЕО МЕСИ.

ПретходноЗа ИНФАРКТ: Најубавото финале во историјата, и БОГОВИТЕ се смилуваа!
СледноНајдобрите на СП: Меси е МВП, Мбапе, Мартинез, Фернандез…