И Новак и Болт на финалето во Катар, Србинот со дигната крагна во чест на Михајловиќ!

2509

Денеска Катар е центар на светот. Се игра финалето на СП мешу Аргентина и Франција. Од речиси 7 милијарди жители на планетата таа чест на стадионот „Лусаил“ да бидат ќе ја имаат само 88.900 среќници. Секако дека ќе има многу фудбалски легенди, познати светски фаци, а тука се и Новак Ѓоковиќ и Усеин Болт.

Тие прво имаа куса средба со првиот човек на ФИФА Џани Инфантино, а потоа и со многу нивни фанови, секако и двајцата се икони на тенисот и атлетиката.

Новак не заборави да потсети на Синиша Михајловиќ, неговиот сонародник кој пред два дена почина од леукемија, па затоа цело време крагната од кошулата му беше дигната, нешто по што Синиша беше познат.

Со овој потег Новак, како и обично, ги воодушеви сите.

ПретходноШифрин со триумф во супер – џи
СледноХНС се извини за скандалот на Ловрен