Кој до тронот: Аргентина мора да биде перфектна против фантастичниот Мбапе, против “галските петли“!

126

 

Аргентина – Франција. Фудбалскиот свет го доби тоа посакувано финале. Меси против Мбапе, кралот против принцот на фудбалот. Но ова нема да биде дуел на двајца, ова ќе биде мега – пресметка меѓу две фудбалски велесили.

Кој до тронот?

Јасно е дека Аргентина мора да биде перфектна, мора да го одигра најдобриот свој меч на Мундијалот ако сака да победи, и да се надева на генијалноста на Меси.

Франција пак мора да одигра на своето ниво, веројатно и без Жиру, со многи проблеми и пред и за време на Мундијалот, но “малиот генерал“ Дешамп знае како треба, и покажа како треба. И без Бензема, Канте, Погба, Кимпембе и останатите на кои не можеше да смета, селекторот кој ако ако вечерва слави ќе биде само вториот по Виторио Поцо кој со Италија во 1934 и 1938 во два наврати едноподруго ја освојувал титулата.

Франција го има Килијан Мбапе, кој е роден во париското предрагие Бонди само неколки месеци после освојувањето на првата титула светски првак на Франција во таа 1998 на свој терен. Мбапе задутре ќе наполни 24 години и ќе има право да се надева дека на следните Мундијали ќе го мине и Пеле, кој има три титули.

Да се потсетиме, пред четири години на СП во Русија, Мбапе ја освои својата прва круна, втора за Франција.

Покрај Мбапе актуелниот светски првак има уште неколку адути, а најголемиот е тој дека нема да биде трагедија и ако не ја одбрани титулата. Додека за Меси и Аргентина денеска ќе биде – МОРА, АМА БАШ МОРА.

Можеме само да претпоставиме каква трагедија ќе биде за “гаучосите“, за Меси и сите 45 милиони аргентинци ако не успеат денеска во Катар да го подинат пехарот.

Ако Килијан Мбапе и другарите им ја расипе забавата…

ПретходноПретседателот на Франција испратил авион за Бензема, но добил изненадувачки одговор!
СледноЗидан е господин, познато е зошто одбил во Доха и да го гледа големото финале!