Супер-лигата и официјално заврши. Последното коло не го промени изгледот на табелите во двете групи, ниту пак стартните позиции во плеј-офот и плеј-аутот.
Двата најголемите кандидати за освојување на титулата, Вардар 1961 и Е.Пелистер пренесоа по три бода пред стартот на битката за тронот, завршија на првото место во своите групи, со тоа што актуелниот бранител на титулата беше единствениот тим со максимален ефект, 14 победи во исто толку натпревари. На другата страна пак Е.Пелистер има едно реми, истото го запиша против братскиот клуб, Е.Пелистер 2.
Со два бода во плеј-офот ќе стартуваат дебитантот Алкалоид и Т.Пролет, на петото и шестото место се наоѓаат Бутел Скопје и Е.Пелистер 2 со по еден бод, додека Охрид и Тиквеш не пренесоа бодови.
ТАБЕЛА – ПЛЕЈ-ОФ
- Вардар 1961 3 бода
- Е.Пелистер 3 бода
- Алкалоид 2 бода
- Т.Пролет 2 бода
- Бутел Скопје 1 бод
- Е.Пелистер 2 (1 бод)
- Охрид 0 бода
- Тиквеш 0 бода
Овие шест екипи не само што ќе се борат за титулата, туки и за место во Европа следната сезона. Македонија ќе има претставник во Лигата на шампиони иако оваа сезона Вардар 1961 беше елиминиран поради долгови кон поранешните членови.
Што се однесува до плеј-аутот во најдобара позиција се Струга и Голден Арт, пренесоа по три бода, Прилеп и Скопје стартуваат со по два, додека Радовиш и Куманово со еден, најтешка ќе биде битката за опстанок за Вардар Неготино и Јуниор К.В, не пренесоа ниту еден бод.
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ
- Струга 3 бода
- Голден Арт 3 бода
- Прилеп 2 бода
- Скопје 2 бода
- Радовиш 1 бод
- Куманово 1 бод
- Вардар Неготино 0 бода
- Јуниор К.В 0 бода