Кубацки со победа во Енгелберг, следува турнејата „Четири скокалници“

66

Двојна програма во Светскиот куп во скијачки скокови се одржа во швајцарскиот Енгелберг. Во саботата триумфираше словенечкиот скокач Анже Ланишек, а наредниот ден водечкиот во светскиот куп Давид Кубацки успеа да го освои првото место на подиумот. Тој беше најдобар на денешните натпревари пред Австриецот Мануел Фетнер, а Јанишек го освои третото место.

Тоа е четврта победа на Кубацки сезонава, а деветта севкупно во кариерата.

Следно за скокачите е Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Аргентина поблиску до трофејот! Meси и Ди Марија за предност од 2:0 (видео)
СледноБеше ли пенал стартот врз Ди Марија?