Пресврт и тоа каков. Лео Меси иако најави дека по завршување на Мундијалот во Катар нема веќе да игра за селекцијата на Аргентина, вечерва по освојувањето на титулата го смени мислењето.
„Не, нема да се откажам од настапите во репрезентацијата. Сакам да играм за Аргентина и како светски шампион. Да, цел живт сонував за овој пехар и на крај Бог ми го подари. Овој сон ми беше уште од дете“ рече покрај другото Лео Меси по мечот со Франција.