Барселона е победник на Пиринејскиот Супер – Куп кој за првпат се игра и тоа славеше против Порто, тимот на нашиот Никола Митревски со 32:24. Ова е новоформирано натпреварување, а тимот од Каталонија беше едноставно доминантен и затоа заслужено победи во големото финале. На полувремето резултатот беше 14:10 за Барса.
Во продолжение од средбата Португалците се обида нешто да сторат, да дојдат барем до шанса за враќање во „игра“, но сепак Барса продолжи со одличната игра и успеа на крјот да триумфира иако одигра без неколку стандардни ракометари.
Дика Мем беше најефикасен кај Барса, додека кај Порто Валдес постигна шест погодици.