Со комеморациите во Рим и Белград, илјадници фанови на Синиша Михајловиќ се простоја од човекот, екс фудбалерот, тренерот кој пленеше со својот квалитет и пред се човечност.
Во главниот град на Италија каде што беше поставен ковчегот на Синиша последен поздрав испратија многу познати спортски фаци, претседатели на клубови, некогашни играчи, но и обични фанови и луѓе кои го обожуваа Синиша. Лотито, Монтела, Спалети и уште многу многу познати спортски фаци се простија од Синиша.
Се разбира дека тука беше и неговото семејство, неговите најблиски.
Во еден момент неговиот брат Дражен и синот Душан го покрија ковчегот со српското знаме.
Во Белград пак ФК Ц. Звезда се одржа комерација на која
говореа покрај другите и Драган Џајиќ, Ѕвездан Терзиќ, како и неколкумина негови соиграчи од 1991 кога Синиша со Ц. Звезда беше европски и светски првак.