Скандал по мечот меѓу Хрватска и Мароко, ФИФА се обидела да ги натера новинарите да избришат слики!

12770

И по Франција, Мароканците беа незадоволни од судењето, додека по мечот со Хрватска го нападнаа судијата од Катар. Хакими беше упорен во објаснувањето, како и тренерот Реграгуи., па додека Хрватите ја славеа бронзата, гледавме немили сцени на теренот.

Но, не заврши тука.

Медиумите јавуваат дека Хакими се дерел кон Инфантино, дека наводно го навредувал во тунелот, а некои фоторепортери го сликале фудбалерот на ПСЖ како се внесува во лицето на претседателот на ФИФА.

Светската фудбалска куќа се обидела да го спречи објавувањето на тие слики.

„Разбирам дека им е срам за нив, но тие се малку наивни ако веруваат дека ќе ги избришеме сликите“, рече репортерот Јохан Кучукаслан, кој работи за Шведската телевизија.

Секако, ова беше тема број еден по мечот за третото место, има приказни дека соиграчите го одвлекле Хакими, а неколку часа по натпреварот тој тоа го демантираше.

„Не викав, само му се извинив на мојот пријател Инфантино за реакцијата на судијата по мечот“, изјави фантастичниот десен бек, но малкумина му веруваат.

ПретходноФинале за уживање: Аргентина против Франција, дуел на ТИТАНИТЕ, на врвот има место само за еден!
СледноМеси и со “духот“ на Марадона денеска влегува вечноста!? (ФОТО)